home > najawa > KULTURNO UMETNIČKI RABOTNICI 25/05/2024, Makedonskiot Kulturen Centar, Skoplje

kontakt | search |

KULTURNO UMETNIČKI RABOTNICI 25/05/2024, Makedonskiot Kulturen Centar, Skoplje

Оваа сабота, на 25 мај 2024 година, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи концерт по повод 25 годишнината од активната работа на рок групата Културно Уметнички Работници. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов "25 МАЈ", која што всушност претставува концертен албум со "бест оф" материјал на бендот, снимен во живо на 25.05.2021 година во Киното Фросина во МКЦ.
[ Kulturno Umetnički Rabotnici ]

Kulturno Umetnički Rabotnici   © 2023 Zdenko Petrovski

Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото "1060", а издавачи се "Корпус Деликти Рекордс" и "Кичма Рекордс". Kонцертот се реализира со поддршка на Министерството за култура.
Во својата 25 годишна кариера, "Работниците" имаат објавено 6 студиски албуми, 1 анплагд албум, а концертниот албум "25 МАЈ" ќе биде нивно првио издание објавено и на плоча. Покрај тоа сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се превземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот "Работниците" ќе се претстават со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија.

Линк од ФБ настанот: www.facebook.com/events/322083310672662
[  ]

Групата "Културно уметнички работници" постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во Кафе барот "Браво" помеѓу членовите на групите "Тотално Опуштање", "No Name Nation", "Бомбашки Процес", "Жолтица на Бродот Баунти" и "Рок Агресори". Имено членовите на овие групи решија заеднички, со здружени сили да допринесат за промовирање и ширење на рок културата во Македонија. Од 1999 година, кога е формирана, па се до сега, групата "Културно уметнички работници" има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија и регионот, како што се: Alarma Punk Jazz Festival 2023, Sofia; Taksirat 2018; D-Festival Dojran 2018; Dok'N'Ritam 2017, Belgrad; D-Festival 2015, Dojran; Vola Open Air 2013, Vratza; Pivo Lend, Skopje, 2008, 2014, 2015, 2023; Alarma Punk Jazz Festival 2009, Sofia; Exit Festival 2008, Novi Sad; Gitarijada 2005, Zajecar; Fusion Festival 2003, Prespa; Alarm festival 2002, Ohrid; Rock Fest 2000, Skopje; Taksirat 1999, Skopje. "Работниците" до сега сцената ја делеле со бендови како: Kud Idijoti, Let 3, Elektricni Orgazam, Rambo Amadeus, Zabranjeno Pusenje, Riblja Corba, Darko Rundek...

promo guy // 23/05/2024

Share    

> najawa [last wanz]

cover: PORTO MORTO @ MSU, Zg, 15/06/2024

PORTO MORTO @ MSU, Zg, 15/06/2024

| 12/06/2024 | promo guy |

>> opširnije


cover: 𝗧𝗛𝗘 𝗖𝗢𝗨𝗥𝗘𝗧𝗧𝗘𝗦 (Danska) @ Močvara, Zagreb, 13/06/2024

𝗧𝗛𝗘 𝗖𝗢𝗨𝗥𝗘𝗧𝗧𝗘𝗦 (Danska) @ Močvara, Zagreb, 13/06/2024

| 10/06/2024 | promo guy |

>> opširnije


cover: AIR @ Tvrđava sv. Mihovila, Šibenik, 04/08/2024

AIR @ Tvrđava sv. Mihovila, Šibenik, 04/08/2024

| 10/06/2024 | promo guy |

>> opširnije


cover: Jazz Point Novi Zagreb: Zoran Majstorović @ CZKNZ, Zagreb, 14/06&2024

Jazz Point Novi Zagreb: Zoran Majstorović @ CZKNZ, Zagreb, 14/06&2024

| 05/06/2024 | promo guy |

>> opširnije


cover: Konstrakta @ MSU, Zagreb, 07/06/2024

Konstrakta @ MSU, Zagreb, 07/06/2024

| 05/06/2024 | promo girl |

>> opširnije



well hosted by plus.hr | web by plastikfantastik*